Анџелина Џоли и Бред Пит се разведуваат

Се шпекулира дека љубовта која започна на филмско плато, завршува пак поради љубов започната на филмско плато

574429
Анџелина Џоли и Бред Пит се разведуваат

..Анџелина Џоли и Бред Пит се разведуваат

Се шпекулира дека љубовта која започна на филмско плато, завршува пак поради љубов започната на филмско плато

Популарниот холивудски пар Анџелина Џоли и Бред Пит решиле да се разведат.

Џоли го поднела барањето за развод до судот во понеделникот.

И покрај тоа што нејзиниот адвокат изјавил дека причина за разводот е недоразбирањето околу децата,американската јавност шпекулира дека поводот за разводот е многу посериозен од она за што се говори во барањето развод.

Холивуд шпекулира дека причината за разводот би можела да биде француската актерка Марион Котилард со која Пит ја делеше главната улога во филмот „Сојузници“ а со која наводно имал афера.

Се тврди дека Џоли дури и ангажирала детектив за да го следи Пит.

Инаку Анџелина Џоли и Бред Пит имаат 6 деца од кои три биолошки и три посвоени.

Џоли побарала старателство за децата од Пит со право да може да ги посетува.

Холивуд зборува дека заедничкото богатство кое Џоли и Пит го стекнаа во текот на заедничкиот живот и бракот ќе биде она главното за што ќе се води вистинска битка.

Џоли и Пит пред нова година со посредство на една италијанска агенција за недвижнини купиле вила во вредност од 2,5 милиони долари кај Урла во близина на Измир во Турција.



Слични вести