„Ден без автомобили“ во Брисел

Жителите на Брисел уживаа во прошетката по градот чии улици беа испразнети од автомобили

572544
„Ден без автомобили“ во Брисел

Манифестациите „Ден без автомобили“ кои што се одржуваат секоја година третата недела на септември во белгискиот главен град Брисел и годинава беа сцена на колоритни слики.

Жителите на Брисел уживаа во прошетката по градот чии улици беа испразнети од автомобили.

Некои лица по градот шетаа со скејтборд, ролери и велосипеди.

Во Брисел каде што беше забранет за моторни возила простор од 160 квадратни километри беа играни различни игри, беа приредени спортски натпревари и музички настани.

Полицијата ги сопре возилата кои без дозвола беа излезени на улиците во Брисел и ги предупреди дека ќе бидат отстранети од сообраќај.



Слични вести