Анадолската жена уште пред 4000 години имала право на збор во трговијата

Од глинените плочи пронајдени во археолошкиот локалитет Каниш/Карум во Ќултепе кај градот Кајсери е утврдено дека уште дури пред 4000 години имала право на збор во државните работи и трговијата

572551
Анадолската жена уште пред 4000 години имала право на збор во трговијата

Од глинените плочи извадени на светлината на денот во ископувањата во археолошкиот локалитет Каниш/Карум во Ќултепе кај градот Кајсери  беше утврдено дека анадолската жена уште дури пред 4000 години имала право на збор во државните работи и трговијата.

Во систематските ископувања започнати во областа уште во 1948 година до денеска се извадени на светлината на денот 2.500 глинени плочи со клинесто писмо.

Најзначајна карактеристика на овие плочи кои во 2014 година се внесени во списокот на Светското наследство на УНЕСКО е тоа што се со трговска и економска содржина.

Поради тоа што во тоа време се што вредело било заведено има податоци и во врска со секојдневниот живот и социјалниот живот. На глинените плочи се наоѓаат податоци во врска со голем број сфери од социјалниот живот како што се стапување во брак, разведба, присвојување на дете, судски одлуки и сл.

На глинените плочи се документира дека пред 4000 години во Анадолија и жените се бавеле со трговија. 

Така на овие глинени плочи дури стои напишано дека една жена поради тоа што овде не можела да добие своите пари отишла дури во градот Асур на оддалеченост од 1000 километри одовде да го бара своето право и излегла пред суд.

Во Анадолија жената имала ефикасна улога и право на збор и во општеството.

При одобрување на трговските и државните договори освен печатот на кралот во Анадолија требало да се добие печатот и на кралицата.



Слични вести