Генералниот директор на ТРТ Шенол Ѓока се состана со претседателот на Кизилај Керем Киник

Претседателот на турската Црвена полумесечина Кизилај Керем Киник го информираше генералниот директор на ТРТ Шенол Ѓока во врска со организацијата за претстојниот Курбан Бајрам

566547
Генералниот директор на ТРТ Шенол Ѓока се состана со претседателот на Кизилај Керем Киник

Претседателот на турската Црвена полумесечина Кизилај Керем Киник го посети генералниот директор на Турската радио-телевизија ТРТ Шенол Ѓока.

Средбата се одржа во канцеларијата на Шенол Ѓока во ТРТ.

Претседателот на турската Црвена полумесечина Кизилај Керем Киник го информираше генералниот директор на ТРТ Шенол Ѓока во врска со организацијата за претстојниот Курбан Бајрам.

Киник истакна дека во странство ќе се коле жртвено животно курбан во 28 земји, а внатре во земјата во 81 град и во текот на една година ќе се раздава конзервирано месо.

Керем Киник привлече внимание дека ТРТ е главниот канал преку кој се инфромира јавноста за активностите на турската Црвена полумесечина Кизилај.

Генералниот директор на Турската радио-телевизија ТРТ Шенол Ѓока и донираше на Кизилај средства за колење курбан во негово име.



Слични вести