Во Чикаго се одржа турски фестивал

Као што изјави генералниот конзул на Турција во Чикаго Умут Аџар фестивалот траеше 4 дена а на истиот беа претставени турската култура, музика, уметност и кујна

560750
Во Чикаго се одржа турски фестивал

Во Чикаго се одржа турски фестивал

Као што изјави генералниот конзул на Турција во Чикаго Умут Аџар фестивалот траеше 4 дена а на истиот беа претставени турската култура, музика, уметност и кујна.

Аџар рече дека е малку тешко една цивилизација која има историјат од иљадници години да се претстави за само 4 дена во странство. На сите оние американци кои се интересираат повеќе за Турција која претставува спој на европската, блискоистичната,балканската и кафкаската култура им порепорачуваме да ја посетат Турција бидејќи за тоа има можност. Секој ден авиони на турската компанија Туркиш ерлајнс ТХЈ полетуваат и слетуваат на аеродромот во Чикаго, додаде Аџар.

Во текот на четирите дена колку што ќе траеше Турскиот фестивал во Чикаго беа поставени штандови на кои се одржа промоција на турските кулинарски специјалитети а се одржуваа и модни ревии од познати турски дизајнери, кои моделите ги креираат инспирирани од турската традиционална носија.

Секако дека имаше и музика. Концерти одржаа турскиот османлиски воен оркестар Мехтер, фолклорниот ансамбл на универзитетот 9 септември од Измир,и музичката група Лама Џамал.

Големо интересирање на турскиот фествал предизвикаа турските традиционални занаети и занаетчии кои само за оваа прилика присуствуваа во Чикаго и тоа занетчиите кои пред зачудената публика шиеја опинци, резбаа дрво, сликаа со помош на ебру техника, изработуваа украсни предмети од бакар, ткаеја платна од природни материјали, и изработуваа разни други предмети за секојдневна употреба а кои се дел од турската традиција и култура.



Слични вести