На универзитетите во Иран оваа година ќе почне да се изучува и турскиот јазик и литература
Институцијата за мерење и еваулација која ги регулира уписите во високото образование во земјата истакна дека меѓу изборните предмети во новата академска година се наоѓа и турскиот јазик и литература
552854

На универзитетите во Иран во новата академска година која почнува од септември ќе почне да се изучува и турскиот јазик.
Институцијата за мерење и еваулација која ги регулира уписите во високото образование во земјата истакна дека меѓу изборните гранки во новата академска година се наоѓа и турскиот јазик и литература.
Кандидатите со право на упис на универзитет оваа година за четиригодишни студии ќе можат да го изберат и турскиот јазик и литература.
Во членот 15 од Уставот на Иран усвоен по Исламската револуција во 1979 година стои дека перискиот јазик е официјален јазик на земјата, но дека не постои било каква пречка за изучување и на други локални јазици.