Откриена статуа на римскиот император Каракала

Статуата на императорот Калакала висока 2 метри и 20 сантиметри е добро очувана и скоро неоштетена

544288
Откриена статуа на римскиот император Каракала

Во ископувањата реализирани на локалитетот на античкиот град Перге кој што се наоѓал во близина на селото Аксу кај Анталија била откриена статуа на римскиот император Луциус Септимус Бацианус познат и како Каракала кој што владеел од 211 до 217 година.

Статуата на императорот Калакала висока 2 метри и 20 сантиметри е добро очувана и скоро неоштетена.

Во ископувањата освен статуата на императорот Каракала биле откриени вкупно 13 други статуи како што биле статуите на божиците Селена, Немесис и Тике,како и статуа на коњ.

Ископувањата на овој локалитет се водат под покровителство на Министерството за култура и туризам.Сите ископани предмети се изложуваат во Градскиот Музеј на Анталија кој е познат како најбогат музеј во светот со статуи од римскиот период.



Слични вести