Почнува светото патување

Првата група од околу 60 илјади кандидати за аџии на пат за светите територии ќе тргне на 4 август

543326
Почнува светото патување

Првата група од околу 60 илјади кандидати за аџии за годинашниот фарз за аџилак, на пат за светите територии ќе тргне на 4 август.

Најмалиот кандидат за аџија е бебето Адем Халил роден на 27 јули 2016, додека најстариот е 100 годишната Фатма Арслан, родена на 12 јули 1916 година во Малатја.

Според информациите од Генералната дирекција за аџилак и умре при Секретаријатот за верски прашања, 43 отсто од годинашниве кандидати за аџии се мажи, 57 жени.

Секретаријатот соопшти дека годинава на граѓаните кои ќе го извршат фарзот за аџилак на светите простори ќе им служат околу 2100 лица.

Враќањето од аџилак ќе започне на 17 септември. Последната група во Турција ќе се врати на 7 октомври.



Слични вести