Промоција на книгата „Раѓањето на еден лидер: Реџеп Тајип Ердоган“

Името на Ердоган подразбира и се поистоветува со поимите слобода, независност, суверенитет и развој

541580
Промоција на книгата „Раѓањето на еден лидер: Реџеп Тајип Ердоган“

Промоцијата на книгата „Раѓањето на еден лидер: Реџеп Тајип Ердоган“ на изданието на босански јазик, во која се раскажува политичкиот живот на претседателот Ердоган беше одржана во Которско кај Добој во Босна и Херцеговина.

На промоцијата која беше одржан под покровителство на босанското здружение „Мостови на пријателството“, граѓаните на Босна и Херцеговина покажаа големо интересирање.

Професорот по Историја на исламот и социологијата во медресето Гази Хусрев Бег, Мустафа Спахиќ во говорот на промоцијата рече дека Турција во последните десет години постигна многу голем развој во економијата и туризмот. Цел на неуспешниот обид за воен удар на терористичката организација Фетулахчи / паралелни државни структури (ФЕТО/ПДЈ) на 15 јули беше народната волја. Името на Ердоган подразбира и се поистоветува со поимите слобода, независност, суверенитет и развој, рече Спахиќ.

Турција е најразвиена земја меѓу муслиманските држави во светот, рече Спахиќ и нагласи дека како книгата во која Ердоган се опишува како политичар и граѓанин, обавезно треба да се прочита.

Изданието на босански јазик на книгата „Раѓањето на еден лидер: Реџеп Тајип Ердоган“ која беше напишана од страна на Хусејин Бешли и Омер Озбај, беше објавено во 2011 година опд страна на издавачката куќа Добра књига.



Слични вести