Продолжуваат посетите на Турската радио-телевизија ТРТ по обидот за преврат

По обидот за преврат на 15 јули на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ денеска Турската радио-телевизија ТРТ ја посетија потпретседателот на владата Нуман Куртулмуш и министерката за семејство и социјални политики Фатма Бетул Сајан Каја

538151
Продолжуваат посетите на Турската радио-телевизија ТРТ по обидот за преврат

Продолжуваат посетите на Турската радио-телевизија ТРТ...

По обидот за преврат на 15 јули извршен од страна на терористичката организација Фетулахчи/Пралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ потпретседателот на владата Нуман Куртулмуш денеска уште еднаш ја посети Турската радио-телевизија ТРТ.

Куртулмуш уште еднаш го изрази своето жалење до генералниот директор Шенол Ѓока и беше информиран од страна на генералниот директор Шенол Ѓока и функционерите на ТРТ во врска со случувањата по обидот за преврат ноќта на 15 јули.

Освен тоа Нуман Куртулмуш беше информиран и за емисиите и целите на ТРТ за 2016 година како и подготовките за новиот период на емитување. 

Заедно со потпретседателот на владата Нуман Куртулмуш во посета на Турската радио-телевизија ТРТ беше и министерката за семејство и социјални политики Фатма Бетул Сајан Каја.

Министерката Каја во оваа прилика беше и гостинка во емисијата на ТРТ во живо и притоа истакна дека нејзиното министерство со 35 свои екипи во Истанбул и 25 екипи во Анкара им ја доставуваат секоја поддршка и помош на блиските на загинатите-шехиди и повредените-газии за време на обидот за преврат.

Информирајќи во врска со започнатата кампања за жртвите-шехиди и повредените-газии за демократијата за време на обидот за преврат, министерката Фатма Бетул Сајан Каја рече: „Под покровителство на господинот претседател и со посредство на владин циркулар под координација на нашето министерство од вчера започнавме кампања за помош. Сите наши граѓани можат да донираат со посредство на 5 банки. Истовремено преку сите мобилни оператори можат да испратат СМС порака на број 1507 со тоа што ќе напишат „15 јули“ и ќе донираат по 5 турски лири во рамките на оваа кампања.“



Слични вести