Почина светски познатиот турски историчар Халил Иналџик

Светски познатиот историчар професор доктор Халил Иналџик почина на 10-годишна возраст

537454
Почина светски познатиот турски историчар Халил Иналџик

Турција го изгуби едниот од своите најдрагоцени ризници...

Светски познатиот историчар професор доктор Халил Иналџик почина на 10-годишна возраст.

Халил Иналџик е роден на 26 мај 1916 година и е кримски Татар.

Своето високо образование го започна во 1936 година на катедрата за историја на периодот на нвоиот век на Факултетот за јазик, историја и географија при Анкарскиот универзитет.

Во 1942 година ја одбрани својата докторска дисертација по име „Танзиматот и бугарското прашање“.

Долги години на истиот факултет предаваше часови по османлиска и европска историја, а потоа во 1972 година беше поканет како професор по османлиска историја на катедрата за историја на Универзитетот во Чикаго.

Во 1993 година Халил Иналџик се врати во Турција и на универзитетот Билкент повремено им предаваше семинари на студентите кои докторираат и магистрираат.

Халил Иналџик во многу добар степен знаеше османлиско-турско јазик, во добар степен англиски, француски и германски и во среден степен арапски, персиски и италијански.

Халил Иналџик од страна на Меѓународниот биографски центар од Кембриџ, Велика Британија беше прикажан меѓу елитните 2000 научници во сферата на социјалните науки во светот.



Слични вести