Ниту една сила не е поголема од душите и срцата исполнети со љубовта кон Аллах и татковината

Заедничка петочна хутба прошитиана во сите џамии на земјава

535414
Ниту една сила не е поголема од душите и срцата исполнети со љубовта кон Аллах и татковината

Првата недела по неуспешниот обид за воен удар, во сите џамии во 81 град на Турција беше прочитана заедничка хутба посветена на случувањата.

Претседателот на Секретаријатот за верски прашања Мехмет Ѓормез хутбата ја одржа во џамијата Коџатепе во Анкара.

Ѓормез ја прочита хутбата и рече дека денес е ден на сплотување на целиот народ.

Ниту една сила не е поголема од душите и срцата исполнети со љубовта кон Аллах и татковината, рече Ѓормез и потенцираше дека на 15 јули, целиот народ доживеавме една од најтешките, најдолги и најцрни ноќи во историјата. Светиот Господ ни даде сила и моќ да се сплотиме и да го сочуваме аманетот.

По читањето на хутбата, собраните граѓани петочниот намаз го клањаа под водство на Мехмет Ѓормез.



Слични вести