Започна реставрацијата на Капаличаршија во Истанбул

Од денеска започнаа работите за реставрација на историската Капаличаршија во Истанбул која е стара 554 години и која годишно е посетувана од страна на 92 милиони лица

529493
Започна реставрацијата на Капаличаршија во Истанбул

Денеска почна реставрацијата на историската Капаличаршија во Истанбул, која е најголема и најстара покриена чаршија во светот.

Според објавеното соопштение од општина Фатих по долгогодишните подготовки во 554 години старата Капаличаршија која годишно ја посетуваат 92 милиони лица најпрвин ќе се реализира раставрација на кровот.

Претседателот на општина Фатих Мустафа Демир ја постави првата тула на кровот и на тој начин започнаа работите за реставрација на историската Капаличаршија со што на крајот од реставрацијата овој значаен историски објект ќе биде обновен и зајакнат.



Слични вести