Спектакуларен настап на германската група Шкорпионс во Истанбул

Светски познатиот германски рок бенд Шкорпионс синоќа имаше спектакуларен настап во Истанбул

528427
Спектакуларен настап на германската група Шкорпионс во Истанбул

Германската рок група Шкорпионс во рамките на 50-годишниот фестивал синоќа приреди спектакуларен настап во Истанбул.

Шкорпионс настапи пред џиновското турско знаме кое беше проектирано на сцената и ги исполни оние негови познати и сакани песни „Still Loving You“, „Wind of Change“, „Rock You Like a Hurricane“, „Send Me an Angel“, „No One Like You“ и „Always Somewhere“.

Пејачот на Шкорпионс автор и композитор на голем број песни на групата Клаус Меине  истакна дека чувствуваат задоволство од нивниот настап повторно во Истанбул.

На концертот пред големиот број гледачи настапи и познатата турска рок пејачка Шебнем Ферах која ги испеа нејзините познати песни „Се од почеток“ (Sil Baştan), „Има некои“ (Birileri Var), „Се или ништо“ (Ya Hep Ya Hiç), „Минирано поле“ (Mayın Tarlas) и „Оваа љубов е премногу за тебе“ (Bu Aşk Fazla Sana).

Германската рок група Шкорпионс која се оценува како една од најголемите рок бендови во историјата на рок музиката е формирана во 1965 година во градот Хановер од страна на гитаристот Рудолф Шенкер.

Овој германски рок бенд се наоѓа на листата со најмногу продадени албуми на сите времиња.



Слични вести