Турски фестивал во градот Торонто во Канада

Анатолиа Фест 2016 во организација на канадската Фондација за образование и младина (КАГЕВ) беше домаќин на илјадници лица на плоштадот Дундас

527375
Турски фестивал во градот Торонто во Канада

Турски фестивал во градот Торонто во прекуокеанска Канада...

Анатолиа Фест 2016 во организација на канадската Фондација за образование и младина (КАГЕВ) беше домаќин на илјадници лица на плоштадот Дундас.

Различните јадења од турската кујна кебапи, ѓозлеме и бурек кои беа продавани на отворените штандови на плоштадот беа дочекани со заинтересираност. 

На штандот за турско кафе на посетителите им беа раздадени бесплатно кафе и турски чај.

Во рамките на фестивалот од страна на Аташето за култура и маркетинг во Торонто беа раздадени борошури за афирмирање на Турција, а беа раздавани и мали сувенири. 

Во делот во кој беше поставен минимализирана Капаличарши во Истанбул пак беа изнесени на продажба накит, облека, порцелани и вазни на турската култура.

Калиграфката-хаттатка илуминаторка Фатмаѓул Саклавџи и уметничката за ембру Озлем Чопур кои на покана дојдоа од Турција во текот на фестивалот презентираа примери од своите уметности.

Канаѓаните го следеа со голема заинтересираност и настапот на кандскиот Дерѓах Џеррахи од чија страна беа пеани илахии (побожни песни) и беше приреден настап на групата за сема-танц.

На фестивалот кој во текот на денот беше гледан од страна на приближно 50 илјади лица настапија и екипа за народни танци и игри и пејачите на муслиманската рап група „Deensquad“ Jae Deen и Karter Zaher.



Слични вести