Младата кларинетистка од Мерсин Султан Ипек Челик се врати со награда од Грузија

Младата кларинетистка од градот Мерсин Султан Ипек Челик на 5-от Меѓународен музички фестивал што се одржа во грузискиот град Боржоми го освои првото место во категоријата „Најдобар перформанс на романтично дело“

527365
Младата кларинетистка од Мерсин Султан Ипек Челик се врати со награда од Грузија

Младата кларинетистка Султан Ипек Челик се врати со награда од Грузија...

Султан Ипек Челик, ученичка на катедрата за кларинет на Државниот конзерваториум при универзитетот во Мерсин на 5-от Меѓународен музички фестивал што се одржа во грузискиот град Боржоми го освои првото место во категоријата „Најдобар перформанс на романтично дело.“

На Георге Ковзиридзе пак, професор на Меѓународниот државен конзерваториум во Мерсин поради успехот на Султан Ипек Челик му беше доделен „Сертификат за воспитување на најдобар ученик.“.

На 5-от Меѓународен музички фестивал во грузискиот град Боржоми учествуваа млади талентирани уметници од САД, Италија, Русија, Турција, Азербејџан, Ерменија, Казахстан, Летонија и Литванија.

Младата коларинетистка Султан Ипек Челик од Мерсин која ја претставуваше Турција на манифестацијата ги свиреше делата Клавирски концерт на Камиј Сен-Санс (Camille Saint-Seans) и Пагина Д’Албум (Pagina D'Album) на Мишел Мангини (Michelle Mangini).



Слични вести