Меркел на летниот фестивал во Берлин проба турски донер

Ангела Меркел учествуваше на традиционалниот летен фестивал во Берлин

524802
Меркел на летниот фестивал во Берлин проба турски донер
almanya başbakanı merkel, döner yedi.jpg
almanya başbakanı merkel, döner kesti.jpg
almanya başbakanı angela merkel, döner kesti.jpg

Во рамките на летниот фестивал, германската канцеларка Ангела Меркел го посети штандот на донерот кој беше изложен меѓу специјалитетите на турската кујна.

Ангела Меркел учествуваше на традиционалниот летен фестивал во Берлин кој се одржа под покровителство на Унијата на средните претпријатија нејзината партија Демохристијанската унија (ЦДУ) и партијата Христијанска социјалистичка унија (ЦСУ) во Сојузното собрание.

Меркел ги посети штандовите на фестивалот и застана пред турскиот штанд каде што се подготвуваше турскиот донер. Од работниците побара да и спремат една чинија во која самата го исече месото на донерот кој се печеше, а ист така проба и од салатата.

Меркел не го скрши младиот работник на штандот кој побара да се сликаат селфи.

Сопственикот на донер фирмата Ханифи Ајдин во интервјуто за новинарите рече дека долги години учествува на летниот фестивал и дека секоја година на посетителите им нуди донер.



Слични вести