Почина познатиот ирански режисер Абас Кијарустеми, добитник на Златна палма

На 76-годишна возраст во Париз почина Абас Киаростами едниот од најголемите ирански режисери кој на Филмскиот фестивал во Кан во 1997 година со филмот „Вкусот на црешата“ ја освои наградата Златна палма

524197
Почина познатиот ирански режисер Абас Кијарустеми, добитник на Златна палма

Познатиот ирански режисер Абас Киаростами, добитник на наградата Златна Палма почина на 76-годишна возраст во францускиот главен град Париз каде што се наоѓаше на лекување од рак.

Киаростами беше од движењето на новиот ирански бран во иранската кинематографија кој започна на крајот на 1960-сетите години и кој е познат како период кога беа снимени филмови  против империјализмот, се покажуваше премногу чувствителност кон секое општетсвено прашање и кога се снимаа филмови кои се хранеа и од персиската книжевност.

Абас Киаростами го привлече вниманието со продукциите познати по името „трилогијата Кокер“ и тоа „Каде е куќата на мојот другар“, „И животот продолжува“ и „Под маслиновите дрвја“ во кои се раскажува за случувањата во едно село по име Кокер во северниот дел на Иран.

Овој познат ирански режисер во 1997 година на Филмскиот фестивал во Кан со филмот „Вкусот на црешата“ ја освои големата награда Златна палма, аво 1999 година со филмот „Ветрот ќе не понесе“ ја доби наградата од Големото жири на Меѓународниот филмски фестивал во Венеција. 

Абас Киаростами спротивно на голем број филмски продуценти и режисери кои по исламската револуција во Иран во 1979 година заминаа за западните земји тој не ја напушти својата земја и остана да живее во Иран.



Слични вести