Дип Парпл ќе приреди концерт во ЕКСПО 2016 Анталија

Според објавеното писмено соопштение од Агенцијата ЕКСПО 2016 Анталија светски позната музичка група Дип Парпл на 5 јули ќе приреди концерт на просторот на ЕКСПО 2016 во Анталија

523367
Дип Парпл ќе приреди концерт во ЕКСПО 2016 Анталија

Светски познатата музичка група Дип Парпл на 5 јули ќе приреди концерт во ЕКСПО 2016 во Анталија.

Според објавеното писмено соопштение од Агенцијата ЕКСПО 2016 Анталија светски позната музичка група Дип Парпл која се оценува за создател на саундот на модерниот рок и хеви металот освен со нејзините класични членови Јан Гилан (вокал), Роџер Гловер (бас) и Јан Пајс (тапани) ќе се појави на сцена со Дон Ајри (клавијатури) кој и се приклучи на групата по смртта на Џон Лојд.

Оваа светски позната музичка група која од страна на Гинесовата книга на рекорди е прогласена за „најсилниот бенд на светот“ ќе настапи со нивните познати песни „Smoke One The Water“, „Child In Time“, „Perfect Strangers“, „Black Night“ и „Highway Star“ како и „Sometimes I Feel Like“ едната од најубавите песни на 1990-сетите години.

На просторот ЕКСПО 2016 во Анталија од 22 април кога е отворен досега приредија голем број светски познати музичари и музички групи како што беа шпанскиот оперски пејач Хозе Карерас, француската сопрано Ема Шаплен, американската музичка група добитник на наградата Греми Марун 5, легендарната група Симпли Ред, англиската рок група Статус Кво и холандскиот диџеј Афроџек.



Слични вести