Светот доживува цивилизациска криза

Претседателот на турскиот Дијанет ,државен совет за верски прашања, Мехмет Ѓормез ситуацијата во која светот се наоѓа денеска ја оцени како цивилизациска криза.

519095
Светот доживува цивилизациска криза

Претседателот на турскиот Дијанет ,државен совет за верски прашања, Мехмет Ѓормез ситуацијата во која светот се наоѓа денеска ја оцени како цивилизациска криза.

Ѓормез приреди ифтар за група истакнати личности од Сирија, Палестина, Египет, Ирак, Судан и Јемен.

Ифтарот на кој беа поканети 300 гости од овие земји беше приреден во Центарот за исламски истражувања во Истанбул.

Во обраќањето пред учесниците Мехмет Ѓормез се задржа на значењето на науката и научниците во исламскиот свет и додаде дека исламската цивилизација во текот на својата историја помина низ неколку големи кризни ситуации. Поминува и денеска низ една криза, но исто како што беше тоа во минатото и денеска со голема помош и поддршка на науката и на луѓето од научниот свет и оваа криза ќе биде успешно надмината.



Слични вести