Легендарната рок-пејачка Пети Смит приреди концерт во Истанбул

Легендарната американска рок-пејачка Пети Смит приреди извонреден концерт за своите обожаватели во Истанбул

518214
Легендарната рок-пејачка Пети Смит приреди концерт во Истанбул

Светски познатата американска рок-пејачка, композиторка, поетка и писателка Пети Смит приреди концерт за своите обожаватели во Истанбул.

70-годишната ѕвезда на концертот што го приреди по повод 40-годишнината од нејзиниот албум „Horses“ со извонредниот настап и перформансот ги маѓепса своите обожаватели.

Пети Смит ги испеа за своите обожаватели сите песни во нејзиниот албум „Horses“.

Легендарната пејачка истакна дека песната „Break it up“ ја напишала за Џим Морисон по еден нејзин сон, додека песната „Elegie“ во нејзиниот албум „Horses“ ја напишала во спомен на своите сакани кои заминале од овој свет рано.

Пети Смит при пеење на песната „Elegie“ ги спомена и легеандарните имиња на светот на музиката Џими Хендрикс, Џон Ленон, Дејвид Боуви и Принс.

Познатата рок-пејачка на сцената остана подолго од 2 часа и често им се заблагодари на своите обожаватели кои дошле за да ја слушаат.

Пети Смит на крајот на концертот долго време беше аплаудирана на нозе.



Слични вести