Пијано концерт на санта мраз на Северниот пол

Познатиот италијански композитор и пијанист Лудовико Финауди ја изведе композицијата „ Елегија за Северниот пол“.

516216
Пијано концерт на санта мраз на Северниот пол

Познатиот италијански композитор и пијанист Лудовико Финауди во обид да го привлече вниманието на јавноста кон глобалното затоплување и стопирање на истражувањето на нафта на Северниот пол приреди пијано концерт на Северниот пол.

Лудовико концертот на една пловечка санта мраз на Северниот пол го одржа на барање на Гринпис.

Италијанскиот композитор ја изведе композицијата „ Елегија за Северниот пол“. Тој рече дека кога ја компонирал оваа елегија за судбината на Северниот пол бим импресиониран од активностите на скоро 8 милиони луѓе ширум земјината топка кои агитирале во корист на заштитата на растителниот и животинскиот свет на половите.

Овој исклучителен пијано концерт заврши со пораката„ Заштитете го Северниот пол“.

 



Слични вести