Оваа година најдолго се пости во норвешкиот град Тромсо: Цели 22 часа

Оваа година за време на месецот на постот Рамазан најдолго се пости во норвешкиот град Тромсо и тоа во текот на цели 22 часа

514726
Оваа година најдолго се пости во норвешкиот град Тромсо: Цели 22 часа

Најдолгиот пост на месецот на постот Рамазан оваа година се држи во норвешкиот град Тромсо каде што се пости во текот на 22 часа.

Во градот кој брои 55 илјади жители сонцето летото не заоѓа во текот на цели два месеци.

Ифтар се прави после 23:20 часот, додека имсак завршува некаде околу 01:20 часот.

Повеќе од 1,5 милијарди муслимани ширум светот за време на Рамазан постат во текот на различно времетраење зависно од земјите во кои живеат.

Така најдолго се пости во Скандинавските земји каде што во Исланд се пости во текот на 21 час, а во Финска приближно 20 часа.



Слични вести