Одбележан Денот на татковците

Пребарувачот на интернет Гугл кој подготвува Дудл за посебни денови на својата насловна страница се претстави со Денот на татковците

514047
Одбележан Денот на татковците
babalar günü google 1.jpg

Денеска се славеше Денот на татковците...

Секоја година третата недела од месец јуни во голем број земји и во Турција се слави како посебен ден во чест на татковците.

Сонора Смарт Дод, ќерката на еден ветеран од граѓанската војна во Америка мислеше дека исто како Денот на мајките треба да се слави и Ден на татковците. 

Со оваа своја замисла Дод ги започнала активностите за прогласување на 5 јуни роденденот на нејзиниот татко, за Ден на татковците, меѓутоа овие нејзини активности не стасале за тој датум и биле одложени за третата недела од месец јуни.

Денот на татковците за прв пат беше славен на 19 јуни 1910 во градот Спокејн во Вашингтон

Во 1924 година тогашниот американски претседател Келвин Кулиџ ги поддржа прославите, но Денот на татковците не го прогласи за официјален празник.

Во 1966 година пак тогашниот американски претседател Линдон Џонсон прогласи дека секоја година третата недела од месец јуни ќе се слави како Ден на татковците.

Во 1972 година пак со потпис на американскиот претседател Ричард Никсон Денот на татковците официјално беше прогласен за официјален празник во САД.

Во меѓувреме порака по повод Денот на татковците објави и премиерот Бинали Јилдирим.

Јилдирим во својата порака испратена преку социјалната мрежа напиша: „Им го честитам Денот на татковците на сите татковци со огромно срце кои се симбол на самопожртвуваноста и милоста и јунаци на своите деца.“

Од друга страна и пребарувачот на интернет Гугл кој подготвува Дудл за посебни денови на својата насловна страница се претстави со Денот на татковците.

Корисниците кои влегоа на моторот за пребарување Гугл се соочија со сопецијалниот Дудл подготвен за Денот на татковците.

На Дудлот на бришалка беа поставени кондури кои го претставуваат таткото и мали патики кои го претставуваат детето.



Слични вести