Ифтарска програма во Москва под името „Турска вечер“

На ифтарот приреден во рамазанскиот чадор поставен во Паркот на Победата учествуваа амбасадорот на Турција во Москва Умит Јардим, претседателот на Советот на муфтии на Русија Равил Гајнуддин и голем број граѓани на Турција и Русија

513638
Ифтарска програма во Москва под името „Турска вечер“

Во главниот град на Русија, Москва беше беше приредена ифтарска програма под името „Турска вечер“.

На ифтарот приреден во рамазанскиот чадор поставен во Паркот на Победата учествуваа амбасадорот на Турција во Москва Умит Јардим, претседателот на Советот на муфтии на Русија Равил Гајнуддин и голем број граѓани на Турција и Русија.

Во рамките на ифтарската програма која започна со читање Куран беа одржани говори, а потоа беше прикажано видео во кое се раскажува за рамазанските традиции во Турција.

Муслиманите кои живеат во Русија по повод муслиманскиот месец на постот Рамазан оваа година по 11-ти пат поставија рамазански чадор во Москва.

Рамазанскиот чадор поставен од страна на Верската управа на муслиманите во Москва е со капацитет за 450 лица, а во текот на ноќта им се доделува ифтар на приближно 700 лица.

Во рамазанскиот чадор секоја ноќ се приредуваат ифтарски програми посветени на различни земји и региони.



Слични вести