Ајфеловата кула осветлена во боите на турското знаме

Во рамките на кампањата која ќе се води преку социјалната мрежа Твитер Ајфеловата кула беше осветлена во боите на турското знаме

509875
Ајфеловата кула осветлена во боите на турското знаме

Ајфеловата кула во Париз како симбол на Франција осветлена во боите на турското знаме...

Во рамките на кампањата која ќе се води преку социјалната мрежа Твитер во текот на Европското фудбалско првенство 2016 (ЕУРО 2016) Ајфеловата кула се осветлува во боите на земјата која ќе добие најголема поддршка по 10 минути по крајот од последниот натпревар што ќе се одигра тој ден меѓу фудбалските репрезентации на земјите учеснички на првенството.

Така по добиената најголема поддршка со хаштагот #TUR на Твитер на турската фудбалска репрезентација која вчера го одигра својот прв натпревар на првенството Ајфеловата кула во текот на 15 минути беше осветлена во црвено-бело, боите на турското знаме. На топката која е закачена на Ајфеловата кула пак беа рефлектирани полумесечина и ѕвезда.

Турција вчера меѓу земјите кои одиграа натпревар доби поддршка од 55,9-отсто.

Инаку турската фудбалска репрезентација од почетокот на кампањата продолжува да води на прво место во генерален пласман со поддршка од 35-отсто.

По Турција на второ место меѓу земјите со најголема поддршка во генерален пласман е Англија со поддршка од 12,9-отсто, а на трето место се наоѓа Франција со поддршка од 9,7-отсто.

Првиот ден од првенството најголема поддршка доби Франција така да Ајфеловата кула беше осветлена во боите на француското знаме, додека вториот ден беше осветлена со боите на знамето на Велс кој исто така во тој ден доби најголема поддршка. 



Слични вести