Спикерка на ТРТ добитник на награда на Најдобрите на дигиталниот свет

На вечерата на која беа избрани најдобрите во голем број сфери од музиката до модата и од новинарството до здравството и беше доделена една награда и на Турската радио-телевизија ТРТ

507507
Спикерка на ТРТ добитник на награда на Најдобрите на дигиталниот свет

Синоќа во Истанбул по четврти пат доделени наградите на Најдобрите на дигиталниот свет. 

На вечерата на која беа избрани најдобрите во голем број сфери од музиката до модата и од новинарството до здравството и беше доделена една награда и на Турската радио-телевизија ТРТ.

Спикерката на ТРТ Ишил Ачиккар беше добитничка на награда на натпреварот на кој добитниците беа избрани со гласање на гледачите преку интернет.

Ишил Ачиккар рече: „Да бидам наградена со оваа награда под логото на ТРТ и покривот на ТРТ беше од големо значење за мене. Многу сум радосна бидејќи знам дека оваа награда е добиена со гласовите на гледачите, со сто процентно реално гласање лично од страна на гледачите.“

На церемонијата на доделување на наградите на Најдобрите на дигиталниот свет што се одржа во Истанбул учествуваа голем број поканети гости од деловниот свет, светот на уметноста, на модата и на кинематографијата.



Слични вести