Сафранболу ја доби наградата Европска почесна плакета

Населеното место Сафранболу кај градот Карабук ја доби наградата Европска почесна плакета

501458
Сафранболу ја доби наградата Европска почесна плакета

Населеното место Сафранболу кај градот Карабук кое е внесено во списокот на Светското културно наследство на Организацијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО) и се наоѓа меѓу 20-те најдобро заштитени градови се стекна со право да биде наградено со Европска почесна плакета.

Претседателот на општина Сафранболу Неџдет Аксој потсети дека Сафранболу и во 2012 година беше добитник на наградата Европска диплома на Парламентарната асамблеја на Советот на Европа (ПАСЕ) и напомена дека она што треба да се направи е да се исполнат 60 точки.

Неџдет Аксој рече: „Постојат критериуми во однос на точки како што се водење на односите, присвојување на европските вредности, отвореност кон надвор, воспоставување врска со надворешниот свет. Поради тоа што ги исполнивме овие критериуми во прва фаза како награда се доделува диплома. За втората фаза се обративме во 2013 година и ја добивме наградата Европско почесно знаме. При добивање на Европското почесно знаме има уште плус толку критериуми. Работевме за исполнување и на тие критериуми. Потоа Европското почесно знаме го добивме од претставникот кој дојде од ЕУ.“

Претседателот на општина Сафранболу Неџдет Аксој истакна дека наградата ќе биде добиена од Европскиот совет со церемонија која ќе се одржи во јули во Сафранболу.

Аксој нагласи дека идната цел е да се освои Европската награда.

Наградата Европска почесна плакета може да се доделува на 3 или 4 градови годишно, додека Европската награда му се доделува само на еден град во Европа.

Европската почесна плакета претходно од Турција ја добија и Анкара и Коџаели.



Слични вести