Вечерва е Лејлетул Берат

Лејлетул Берат се одбележува секој 15 ден на месецот шабан според исламскиот календар и

494869
Вечерва е Лејлетул Берат

Според исламското верување, Лејлетул Берат значи духовно исчистување и обновување, божествено простување.

Лејлетул Берат се одбележува секој 15 ден на месецот шабан според исламскиот календар и по тој повод во џамиите во целава земја ќе се одржат специјални програми.

Претседателот на Исламската верска заедница Мехмет Ѓормез по повод Лејлетул Берат, предвесникот на месецот на постот Рамазан објави порака.

Ѓормез во пораката рече дека овие свети ноќи кои претставуваат станици за пресметувањето на луѓето, исто така претставуваат извонредна можност за повторно преиспитување на нашето постоење. Секој верник во оваа света вечер треба да се држи настрана од лошотиите и уште еднаш да одлучи дека треба да ги затвори патиштата кои водат кон злото.



Слични вести