Филмот „Албум“ на Мехмет Џан Мертоглу на „Неделата на критичарите“ во Кан

Филмот „Албум“ на турскиот режисер Мехмет Џан Мертоглу наиде на голема заинтересираност од страна на критичарите и гледачите на „Неделата на критичарите“ во Кан во Франција

493569
Филмот „Албум“ на Мехмет Џан Мертоглу на „Неделата на критичарите“ во Кан

Филмот „Албум“ на турскиот режисер Мехмет Џан Мертоглу кој на натпреварот во склопот на „Неделата на критичарите“ како паралелна манифестација на Филмскиот фестивал во Кан во Франција се натпреварува во категоријата за долгометражни филмови, наиде на голема заинтересираност од страна на критичарите и гледачите.

Филмот во кој се раскажува за еден брачен пар кој посвоил едно дете и води обид со еден подготвен фотоалбум да сокрие од детето дека е посвоено, ги преиспитува предрасудите и бирократските работи во општеството.

Филмот е карактеристичен по тоа што е првиот долгометражен филм на турскиот режисер Мехмет Џан Мертоглу. 

Истакнувајќи дека во врска со неговиот филм „Албум“ чиј е и сценарист добиле многу критики од кои повеќето биле во позитивна смисла, Мертоглу рече: „За мене буди радост тоа што е прикажан во Кан мојот прв филм. Чувствувам задоволство од тоа што мојот филм е крунисан.“

Велејќи дека видел мошне трагични настани кои што ги доживеале посвоените деца, Мертоглу рече: „Да се посвои едно дете не е срамно, туку тоа е и многу убаво. Би бил радосен долку со посредство на мојот филм се дискутира по ова прашање во општеството.“

На манифестацијата „Недела на критичарите“ која се организира од страна на Асоцијацијата на француските филмски критичари и тоа паралелно со Канскиот филмски фестивал се покануваат режисери кои го снимиле својот прв или втор долгометражен филм.

Церемонијата на доделување на наградите на оваа манифестација се планира да се одржи на 20 мај.



Слични вести