„Сите слушнаа за историјата за која долги години никој не сакаше да слушне и која беше криена“

Победничката на Евовизија 2016 кримската татарска пејачка Џамала која се врати од Шведска во Украина на аеродромот Бориспол беше дочекана со цвеќиња од страна на стотици нејзини љубители

491824
„Сите слушнаа за историјата за која долги години никој не сакаше да слушне и која беше криена“
eurovision birincisi kırımlı tatar jamala ukrayna.jpg

Кримската татарска пејачка Џамала која на 61-то издание на натпреварот за Избор на песна на Евовизија го освои првото место со песната по име „1944“ во која се раскажува за насилното протерување на кримските Татари од своите родни места истакна дека со оваа извојувана победа од страна на сите е слушнато за историјата на Крим која што долги години беше криена.  

Џамала која се врати од Шведска во Украина на аеродромот Бориспол беше дочекана со цвеќиња од страна на стотици нејзини љубители кои во своите раце држеа украински и кримски знамиња.

Џамала рече: „Посакував натпреварот што ќе се одржи идната година да се одржи во мојата татковина на Крим. Но Крим е под окупација. Не сум сигурна дали окупацијата ќе заврши за една година. Не го велам тоа поради тоа што не верувам, но тоа не би можеле да го направиме за една година.“

Објаснувајќи што значи нејзината извојувана победа на Евровизија, Џамала продолжи со следните зборови: „Сите слушнаа за историјата за која долги години никој не сакаше да слушне и која беше криена. Оваа победа покажува дека постои правдата. Поминавме низ голем број болки и маки. Европа со оваа песна слушна за анексијата на Крим, војната, револуцијата и за останатите болки во Украина. Европа гласаше за мене, ме разбра и почувствува. Бидејќи оваа песна е од срце и Украина сто посто го заслужи тоа.“

На кримската татарска пејачка Џамала ќе и се додели титулата „Народна пејачка на Украина“.



Слични вести