Вториот испит за владеење со турскиот јазик за 2016 на Институтот Јунус Емре ќе се одржи на 24 мај

Испитот за владеење со турскиот јазик (Türkçe Yeterlik Sınavı TYS) на Институтот Јунус Емре се спроведува 3 пати годишно и тоа во јануари, мај и септември

491312
Вториот испит за владеење со турскиот јазик за 2016 на Институтот Јунус Емре ќе се одржи на 24 мај

Продолжува пријавувањето за вториот испит за владеење со турскиот јазик во 2016 година на Институтот Јунус Емре.

Пријавувањата кои што започнаа на 2 мај ќе траат до 24 мај.

Вториот испит за владеење со турскиот јазик во 2016 година на Институтот Јунус Емре (Türkçe Yeterlik Sınavı TYS) ќе се одржи на 24 мај.

На кандидатите кои ќе бидат успешни на иститот за владеење со турскиот јазик (TYS) кој што ќе се одржи едновремено во Турција и во сите земји во кои се наоѓаат Турски културни центри на Институтот Јунус Емре ќе им се додели сертификат за владеење со турскиот јазик.

Лицата кои ќе располагаат со сертификат за владеење со турскиот јазик доколку се стекнат со право на студирање на било кој универзитет во Турција или за магистерски и докторски студии ќе бидат ослободени од подготвителна настава за изучување на турскиот јазик, а исто така овој сертификат им обезбедува голема предност на кандидатите и при доставување пријава за вработување.

Следниот испит за владеење со турскиот јазик ќе се одржи на 3 септември во 2016 година.

Начин на применување на испитот

Испитот за владеење со турскиот јазик (TYS) се одвива во два дела.  

Првиот дел се состои од читање, слушање и пишување, а вториот дел од зборување и тоа независен говор-конверзација и дијалог.

Првиот дел за читање трае 60, делот за слушање 45 и делот за пишување 60 минути, тестот вкупно трае до 165 минути.

Вториот дел составен од независен говор-конверзација трае 10 минути, а дијалогот трае  5 минути, вкупно 15 минути разговор.

Вкупниот тест трае 180 минути.
 
Испитот за владеење со турскиот јазик се спроведува 3 пати годишно и тоа во јануари, мај и септември.

Во случај на доволен број на кандидати освен во наведените месеци испитот може да се спроведе и во други месеци.

За детални информации можете да ја посетите следната интернет адреса: www.turkcesinavi.com



Слични вести