„Предната страна на Зелената џамија“ се продаде за 13 милиони 509 илјади турски лири

Осман Хамди Беј се смета за еден од предводниците на турското сликарство

490901
„Предната страна на Зелената џамија“ се продаде за 13 милиони 509 илјади турски лири

Сликата на Осман Хамди Беј „Предната страна на Зелената џамија“ се продаде за 13 милиони 509 илјади турскилири.

На аукцијата во аукцијската куќа „Антик АД“ што се одржа под раководство на Тургај Атаман, сликата „Предната страна на Зелената џамија“ која е позната како втора најголема слика по сликта „Дресер на желки“ на на Осман Хамди Беј, на аукција беше изнесена со почетна цена од 10 милиони турски лири.

Осман Хамди Беј се смета за еден од предводниците на турското сликарство и на сликата „Предната страна на Зелената џамија“ се наоѓаат 16 фигури од украсните елементи и детали од прекрасната рачна изработка во османлиската архитектура.

Сликата со димензии 185x100 е изработена во техника масло на платно и од страна на историчарите на уметноста, директорите на музеите и експерти за уметностсе смета за ремек-дело.

Познато е дека сликата го заокружува периодот на формирањето на универзитетот за убави уметности Мимар Синан од страна на Осман Хамди Беј во 1882 година.



Слични вести