На Евровизија 2016 победи Украина со песната на кримската татарска пејачка Џамала „1944“

На Евровизија 2016 што се одржа синоќа во шведскиот главен град Стокхолм победи претставничката на Украина кримската татарска пејачка Џамала со песната “1944“

490913
На Евровизија 2016 победи Украина со песната на кримската татарска пејачка Џамала „1944“

На годинашното 61-во издание на натпреварот за Избор на песна на Еворовизија (2016) што се одржа синоќа во главниот град на Шведска, Стокхолм, победи кримската татарска пејачка Џалама.

32-годишната џез-пејачка Џамала (Сусан Џемилоглу) со песната по име „1944“ во која има и турски зборови ја претставуваше Украина на Евровизија 2016.

Притоа Џамала со освоени 534 поени го освои првото место.

Втора беше Австралија со освоени 511 поени, а третото место го освои Русија со 491 поен.

61-вото издание на натпреварот за Избор на песна на Евровизија беше емитувано во живо во Европа и во Кина, Казахстан, Австралија, Нов Зеланд и за прв пат и со САД.

Песната „1944“ на Џамала

Во песната „1944“ со која кримската татарска пејачка Џамала ја претставуваше Украина на Евросонг 2016 се раскажува за насилното протерување на приближно 200 илјади кримски Татари од страна на Русите (во времето на Сталин) на 18 мај 1944 година.

Песната на Џамала почнува со зборовите „Странци доаѓаат во вашата куќа и ве убиваат сите“. 

Џамала вели дека песната „1944“ ја напишала со инспирацијата од раскажувањата на нејзината баба за насилното прогонување заедно со нејзините 5 деца во скутот од Крим во Централна Азија, на 18 мај 1944 година.

За време на Втората светска војна по наредба на Џозеф Сталин од страна на тогашните советски власти со обвинување дека соработувале со Германците приближно 200 илјади кримски Татари беа насилно протерани од нивните домови.

Кримските Татари беа насилно протерани во Узбекистан, Казахстан и во други области на тогашниот Советски Сојуз.



Слични вести