Вечер на турскиот локум во Лос Анѓелес

Познатиот филхармониски оркестар од Лос Анѓелес приреди величествен бал во Лос Анѓелес под наслов „Вечер на турскиот локум“

488940
Вечер на турскиот локум во Лос Анѓелес

Познатиот филхармониски оркестар од Лос Анѓелес приреди величествен бал во Лос Анѓелес под наслов „Вечер на турскиот локум“.Турција по втор пат беше домаќин на оваа манифестација на симфонискиот оркестар која се одржува во последните 67 години. Програмата на балот се подготвуваше со месеци со голем ентузијазам а во реализацијата на истата учествуваа 15 уметници од Турција.

Гостите на балот ги поздрави генералниот конзул на Турција во Лос Анѓелес Ѓулру Гезер. Нешто потоа гостите ја проследија видео презентацијата „Запознајте ја Турција“ која ја подготвија музичарот Бурак Бешир и фотографот Мерт Трукоглу.

На крајот од балот се одржа претстава на  дервишки сема ритуал.

Балот заврши со послужување на турски специјалитети и локум за гостите меѓу кои имаше амбасадори на 15 земји.

 



Слични вести