Познати првите 10 финалисти за 61. издание на избор на „Песна на Евровизија“

Земји кои се пласираа за финалето на Евросонг 2016 по првото полуфинале што се одржа синоќа во салата Глобен Арена се: Азербејџан, Русија, Холандија, Унгарија, Хрватска, Австрија, Ерменија, Чешка, јужниот грчки дел на Кипар и Малта

488938
Познати првите 10 финалисти за 61. издание на избор на „Песна на Евровизија“

На првото полуфинале на 61-вото издание на натпревар за избор на „Песна на Евровизија“ беа познати првите 10 земји финалисти на натпреварот.

Првото полуфинале кое се одржа во салата Глобен Арена стартуваше со песната „Херои“ (Heroes) на шведскиот претставник Манс Зелмерлов кој го освои првото место на натпреварот за избор на песна на Евровизија во 2015 година.

На гласањето што се одржа по настапот на претставниците на сите 18 земји кои учествуваа во првото полуфинале 10 земји се пласираа за големото финале и тоа Азербејџан, Русија, Холандија, Унгарија, Хрватска, Австрија, Ерменија, Чешка, јужниот грчки дел на Кипар и Малта.  

Земји кои беа елиминирани пак се Сан Марино, Босна и Херцеговина, Молдавија, Финска, Грција, Естонија, Ирска и Црна Гора.

Второто полуфинале на натпреварот за избор на „Песна на Евровизија 2016“ ќе се одржи утре вечер (12 мај, четврток), а големото финале на 14 мај во сабота вечер.

Германија, Франција, Англија, Шпанија и Италија се директни учесници во големото финале.



Слични вести