14-ти Меѓународен саем на класични автомобили во Сараево

Класичните автомобили кои се изложуваат пред зградата на Народниот театар наидоа на голема заинтересираност кај Сараевчани

486711
14-ти Меѓународен саем на класични автомобили во Сараево

Во Сараево во Босна и Херцеговина започна Меѓународниот саем на класични автомобили кој што оваа година се одржува по 14-ти пат.

Класичните автомобили кои се изложуваат пред зградата на Народниот театар наидоа на голема заинтересираност кај Сараевчани.

Во склопот на саемот на кој се изложуваат 50 класични автомобили од Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Унгарија и Словенија, за најоригинален класичен автомобил беше избран автомобилот по име „Принц“ произведен во 1970 година во Сараево.

Голема заинтересираност будеше и копијата на автомобилот кој бил возен од страна на Франц Фердинанд, престолонаследникот на Австриско-унгарската империја и кој се изложува во склопот на саемот.



Слични вести