Порака од претседателот за верски прашања Мехмет Ѓормез по повод ноќта Мираџ

Претседателот на верски прашања Мехмет Ѓормез во пораката што ја објави по повод ноќта Мираџ им ја честита оваа света ноќ на сите муслимани

482913
Порака од претседателот за верски прашања Мехмет Ѓормез по повод ноќта Мираџ

Вечерва муслиманите ќе ја слават ноќта Мираџ...

Претседателот на верски прашања Мехмет Ѓормез во пораката што ја објави по повод ноќта Мираџ која што ќе се слави вечерва Мираџот, вознесението го коментира како „возвишување на човекот кон човештвото, физиката кон метафизиката, телото кон духот и духот кон севишниот.“

Ѓормез својата порака ја продолжи со следните зборови: „Денеска и како земја и како исламски свет и како човештво имаме уште поголема потреба од вредностите кои човекот ќе го возвишат кон вознесение. Така и патот за познавање на пријателот и непријателот кој што води кон единство и заедништво  поминува од пренесување на вредностите на Мираџот, односно вознесението кон нашиот живот.“

Честитајќи му ја ноќта Мираџ на исламскиот свет, претседателот на верски прашања Мехмет Ѓормез рече: „Посакувам од севишниот Аллах вредностите на Мираџот да станат повод за доброто на целото човештво, нашето издигнување и возвишување почнувајќи од нашите души бран по бран да ги опфати сите средини на општеството и тероризмот, насилството, војната и непријателството кои му се закануваат на заедничкото спокојство на човештвото своето место да им го препуштат на мирот и спокојството.“



Слични вести