Турската радио-телевизија ТРТ одбележува 52 години од своето формирање

По повод 52-та годишнина од формирањето генералниот директор на Турската радио-телевизија ТРТ Шенол Ѓока и делегацијата во негова придружба го посетија мавзолејот на Ататурк „Аниткабир“ во Анкара

481843
Турската радио-телевизија ТРТ одбележува 52 години од своето формирање

Турската радио-телевизија ТРТ одблежеува 52 години од своето формирање...

По повод 52-та годишнина од формирањето генералниот директор на Турската радио-телевизија ТРТ Шенол Ѓока и делегацијата во негова придружба го посетија мавзолејот на Ататурк „Аниткабир“ во Анкара.

Генералниот директор на ТРТ Шенол Ѓока и делегацијата во негова придружба положија венец на гробот на Ататурк и му оддадоа почит со едноминутно молчење на големиот лидер.

Потоа делегацијата премина во Кулата Мисак-и Милли (Кулата на националните сили).

Генералниот директор на Турската радио-телевизија ТРТ Шенол Ѓока се потпиша и во спомен книгата на мавзолејот при што привлече внимание дека ТРТ 52 години е во услуга на светлината на Републиката.

Истакнувајќи дека ТРТ е адреса на објективното новинарство кон кое постои доверба, Ѓока напиша: „ТРТ денеска со своите емисии во меѓународни рамки го зазема своето место меѓу најголемите медиумски институции во светот и ги афирмира силата и гласот на нашата земја низ целиот свет.“

Генералниот директор на Турската радио-телевизија ТРТ Шенол Ѓока додаде дека се има за цел ТРТ да биде издигната и унапредена до уште повисок степен.



Слични вести