Изложба на слики на султанот Абдулази во Париз

Изложбата е многу успешна бидејќи е отворена пред француските љубители на уметноста и идејните лидери и експерти на уметноста

479621
Изложба на слики на султанот Абдулази во Париз

Во заедничка соработка на Фондот за промовирање и Институтот Јунус Емре, под покровителство на Меѓународното здружение за култура и уметност во Париз беше отворена заедничка изложба под наслов „Изложба на слики на султанот Абдулазиз“.

Изложбата на сликите кои беа нацртани врз основа на скиците на османлискиот султан Абдулазиз беше отворена во галеријата Frederic-Moisan.

На свеченото отворање на изложбата учествуваше и постојаниот турски претставник во ОН амбасадорот Хусејин Ботсали кој рече дека изложбата е многу успешна бидејќи е отворена пред француските љубители на уметноста и идејните лидери и експерти на уметноста.

Амбасадорот Ботсали додаде дека од сликите отворено може да се види интересирањето на султанот Абдулазиз кон бродовите, морето. Султанот Абдулазиз Хан е првиот и последен османлиски султан кој оствари турнеја низ Европа.

Првата изложба беше отворена во Виена.



Слични вести