ЕКСПО 2016 Анталија за два дена го посетија 70 илјади лица
Посетителите покажуваат голема заинтересираност кон изложбениот простор на светскиот саем ЕКСПО 2016 Анталија кој што на 22 април беше свечено отворен со учество и на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и премиерот Ахмет Давутоглу

Саемот ЕКСПО 2016 Анталија чиј домаќин за прв пат е Турција во првите два дена го посетија 70 илјади лица.
Посетителите покажуваат голема заинтересираност кон изложбениот простор на светскиот саем ЕКСПО 2016 Анталија кој што на 22 април беше свечено отворен со учество и на претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган и премиерот Ахмет Давутоглу.
За организацијата досега се продадени 1 милион 500 илјади билети.
Генералниот секретар на ЕКСПО Казим Ајдин истакна дека е задоволен од заинтересираноста која што се покажува кон органзиацијата.
Нагласувајќи дека на посетителите многу им се допаднал изложбениот простор во населеното место Аксу во Анталија и дека во врска со тоа пристигнувале пофалби, Казим Ајдин напомена дека очекуваат истата заинтересираност да продолжи до последниот ден на органзиацијата.
Во рамките на Светскиот саем ЕКСПО 2016 Анталија на 5 мај ќе приреди концерт Maroon, на 7 мај Jose Carreras, на 20 мај Tarkan, на 6 јуни Simply Red,, 14 јуни Status Quo, 5 јули Deep Purple, на 24 мај Muse, на 2 август Sean Paul 8 август Sting и на 15 август Kool & Gang.
Во рамките на организацијата се очекува да приредат концерт и светските ѕвезди Џенифер Лопез и Селена Гомез.
Во меѓувреме продолжуваат преговорите за приредување концерти и од страна на 25 пејачи од Турција како Ажда Пеккан, Кенан Догулу, Ебру Ѓундеш, Сибел Џан, Мурат Боз, Демет Акалин, Сердар Ортач, Фунда Арар, Хадисе и Нилуфер.
Слични вести

19 мај, Денот на сеќавање на Ататурк и Празник на младоста и спортот се слави со голема радост
103 години како гори факелот што го запали Ататурк во Самсун на 19 мај 1919 година