Гала програмата на 38-от Меѓународен фестивал на детето се одржа во Анталија

Гала програмата на 38-от Меѓународен фестивал на детето во организација на Турската радио-телевизија ТРТ се одржа вчера во амфитеатарот на ЕКСПО 2016 во Анталија

476919
Гала програмата на 38-от Меѓународен фестивал на детето се одржа во Анталија

Гала програмата на 38-от Меѓународен фестивал на детето во организација на Турската радио-телевизија ТРТ што се одржува по повод 23 април Денот на националниот суверенитет и празник на детето се одржа вчера во амфитеатарот на ЕКСПО 2016 во Анталија.

На Гала програмата учествуваа приближно 400 деца од 30 земји ширум светот.

Децата од светот кои допатуваа во Анталија по повод 38-от Меѓународен фестивал на детето облечени во национални носии на своите земји презентираа примери на игри и танцеви.

Децата привлекоа внимание со своите разнобојни носии и танцеви.

Анфитеатарот каде што се одржа Гала програмата беше исполнет со голем број граѓани и деца кои со голема заинтересираност го следеа настапот на децата од светот.

Во рамкиите на 38-от Меѓународен фестивал на детето на исложбениот простор на ЕКСПО 2016 Анталија децата од светот ќе ги повторат своите настапи до 30-ти април, а во рамките на прославите ќе се одржат и различни детски манифестации како и настапи на детски хорови.



Слични вести