Претседателот Ердоган им го честита празникот Пасха на Евреите

Придаваме големо значење сите граѓани на земјата да можат слободно да ги живеат своите слободи и верувања

476774
Претседателот Ердоган им го честита празникот Пасха на Евреите

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган им го честита празникот Пасха на Евреите

Во пораката со честитки, претседателот Ердоган рече:

Во својство на претставници на една цивилизација чија основа се базира на мирот и почитувањето на сите верувања, а разликите меѓу луѓето како богатство, придаваме големо значење сите граѓани на земјата да можат слободно да ги живеат своите слободи и верувања. Поаѓајќи од ова сфаќање, веруваме дека истото има големо значење од аспект на зајакнувањето на единството на општеството. Нашиот голем народ кој во текот на историјата никогаш не направи отстапки од братството и единството, иднината ќе ја гради врз основа на  меѓусебен респект. По повод големиот еврејски празник Пасха, на сите Евреи со кои живееме заедно во мир и спокојство во земјава, им посакувам мир и спокојство и најискрено ги поздравувам.

Министерот за култура и туризам Махир Унал исто така им го честиташе празникот пасха на Евреите.

Во пораката со честитки што ја објави по повод празникот, министерот Унал рече дека празниците секогаш претставуваат извор на толеранција, спокојство и среќа, братско сплотување и средство за заборавање на сите неповолности во минатото.



Слични вести