Згасна уште една музичка ѕвезда: Легендарниот Принс

Легендарниот американски пејач Принс починал во својата куќа во Минесота во САД на 57-годишна возраст од својот живот

475698
Згасна уште една музичка ѕвезда: Легендарниот Принс

Почина светски познатата ѕвезда на поп музиката американскиот пејач Принс.

Како што беше соопштено Пинс починал во својата куќа во Минесота во САД.

Не беа дадени информации во врска со причината за смртта на 57-годишната поп ѕвезда.

Принс Роџерс Нелсон, познат како Принс во 1980-сетите години се искачи на чело на музичките поп листи.

Неговиот албум „Purple Rain​“ издаден во 1984 година во САД продаде 13 милиони.



Слични вести