„Последната епоха“ приказна за геноцидот во Сребреница

Филмот „Последната епоха“ на турскиот продуцент Фунда Ајан беше претставен во Сараево на конференција за печатот

472136
„Последната епоха“ приказна за геноцидот во Сребреница

Приказната на филмот се базира на најголемиот геноцид во Европа после Втората светска војна, геноцидот над Муслиманите во Сребреница во јули 1995 година.

Хатиџе Мехмедовиќ чии најблиски загинале во масакрот и геноцидот во Сребреница вели дека филмот „Последната епоха“ треба да претставува вид предупредување и лекција за следните генерации. Мехмедовиќ вели: беа убиени и деца,мајките во иднина да не бидат приморани да ги бараат телата на своите убиени чеда барајќи остатоци од нивните скелети. Ние никогаш нема да знаеме како е да се биде баба или дедо.Секој треба да ги согледа вистините и никогаш не треба да се дозволи да се заборави геноцидот во Сребреница.

Продуцентот на филмот Фунда Ајан рече дека со филмот сака да го сврти вниманието на пошироката јавност кон појавите на исламофобија. Европа се соочува со бегалска криза која резултира со појави на исламофобија во дел од европските средини. Кога им го испратив сценариото на филмот ми одговорија дека ние ги отворивме нашите врати за муслиманите, и дека би требало да го промениме сценариото. Но ние нема да го направиме тоа.

Првата клапа на филмот ќе падне во август а се очекува филмот премиерно да биде прикажан идната година.

Инаку во масакрот во Сребреница но јули 1995 година беа убиени над 9000 невини муслимани цивили.



Слични вести