Во Вашингтон започна Фестивалот на турскиот филм

Фестивалот се одржува во организација на Министерството за култура и туризам на Турција и Амбасадата на Република Турција во Вашингтон.

469638
Во Вашингтон започна Фестивалот на турскиот филм

Фестивалот се одржува во организација на Министерството за култура и туризам на Турција и Амбасадата на Република Турција во Вашингтон.

Филмовите премиерно ќе се прикажуваат во кино салата во Е стрит во Вашингтон.

Фестивалот започна со пригоден коктел на кој присуствуваа Турци кои живеат и работат во Америка и голем број американци заинтересирани за турскиот филм и општо за турската култура.

На фестивалот на турскиот филм во Вашингтон кој ќе трае до крајот на неделава ќе бидат прикажани филмовите "Sarmaşık"( Бршлен), "Sivas" (Сивас), "Baskın"(Упад), "Limonata"(Лимонада), "Nadide Hayat" Редок живот), "Kar Korsanları" (Снежни пирати), "Kalandar Soğuğu"(Каландарски студ) и "Ertuğrul 1890" (Ертугрул 1890).

Сите кино претстави ќе бидат бесплатни и со титлуван превод од турски на англиски јазик.



Слични вести