Во Истанбул постелен најголемиот живописен „килим од лалиња“ во светот

Во рамките на 11-от Фестивал на лалето на површина од 1.728 метри квадратни под отворено небо до 30 април ќе се изложува „килим од лалиња“ формиран од 563.000 свежи лалиња

469083
Во Истанбул постелен најголемиот живописен „килим од лалиња“ во светот

На плоштадот Султанахмет во Истанбул е отворен за посета најголемиот живописен „килим од лалиња“ во светот.

Во рамките на 11-от Фестивал на лалето на површина од 1.728 метри квадратни под отворено небо до 30 април ќе се изложува „килим од лалиња“ формиран од 563.000 свежи лалиња.

Потпретседателот на собранието на локалната самоуправа на Истанбул Ахмет Билал Кијмаз истакна дека со покренатата кампања во 2005 година „Лалето се враќа во својот дом“ лалињата кои што беа однесени од овие територии повторно почнаа да цутат во секое ќоше на Истанбул.

Ахмет Билал Кијмаз додаде дека заедно со враќањето на лалето во Истанбул се промени и ликот на градот, а со тоа беа отворени и нови можности за работа.



Слични вести