Концерт „Крикот на јазиците“ во Ван со песни на 25 јазици

На концертот во организација на Културно-уметничката фондација Анка во театарската сала на централната гимназија за веронаука во Ван хорот составен од 25 члена испеа песни на 25 различни јазици

469112
Концерт „Крикот на јазиците“ во Ван со песни на 25 јазици

На приредениот концерт „Крикот на јазиците“ во градот Ван беа испеани песни на 25 различни јазици.

На концертот во организација на Културно-уметничката фондација Анка што беше приреден во театарската сала на централната гимназија за веронаука во Ван хорот составен од 25 члена испеа песни на 25 различни јазици во кои се раскажува за мирот, љубовта и братството.

Претседателот на здружението и шеф на хорот Неџдет Бајат рече: „Концертот што го приредуваме против оние кои искористувајќи ги јазиците иницираат војна всушност е вид протест. Во хорот има наши другари Арапи, Ерменци, Курди, Турци, Азербејџанци, Иранци, Грузијци и Авганистанци.“

Солистката на хорот Ѓулџан Полат пак го истакна следното: „Повеќето од нас не ги знаеме овие јазици, меѓутоа со чувството на ритам, тагата или радоста што ни ја даваат овие песни доживуваме мошне убави чувства.“



Слични вести