Награда за ТРТ Хабер од студентите на универзитетот Реџеп Тајјип Ердоган во Ризе

Студентите на Факултетот за стоматологија на Универзитетот Реџеп Тајјип Ердоган во градот Ризе за најуспешна информативна програма на годината ја избраа програмата „Немојте вие да станете вест“

466791
Награда за ТРТ Хабер од студентите на универзитетот Реџеп Тајјип Ердоган во Ризе

Едната од успешните тв програми на ТРТ Хабер „Немојте вие да станете вест“ доби уште една награда.

Студентите на Факултетот за стоматологија на Универзитетот Реџеп Тајјип Ердоган во градот Ризе за најуспешна информативна програма на годината ја избраа програмата „Немојте вие да станете вест“.

Церемонијата се одржа во Факултетот за економија и административни науки и започна со конференцијата на водителот на програмата, писател и експерт за комуникација Фатих Акбаба.

Притоа Акбаба ги информираше учесниците во врска со новите техники на комуникација во сферата на здравството.

На крјаот на конференцијата на Фатих Акбаба кој воедно е и сопственик на проектот на програмата „Немојте вие да станете вест“ му беше врачена плакета во име на студентските клубови.



Слични вести