Идната недела папата Франциск ќе престојува во посета на Лезбос

Папата ќе биде придружуван од страна на патријархот Вартоломеј и архиепископот на Атина и цела Грција Јероним Втори

466743
Идната недела папата Франциск ќе престојува во посета на Лезбос

Идната недела, духовниот лидер на католичкиот свет папата Франциск ќе престојува во еднодневна посета на грчкиот остров Мидилли (Лезбос), која земја беше изложена на приливот на бегалци азиланти.

Според писменото соопштение објавено од страна на Ватикан, на покана на патријархот на грчката патријаршија Фенер Вартоломеј и грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, папата Франциск на 16 април ќе престојува во еднодневна посета на Мидилли.

Во рамките на посетата на островот Лезбос, првата дестинација од каде што бегалците азиланти влегуваат во Европа и е многу блиску до Турција, папата ќе биде придружуван од страна на патријархот Вартоломеј и архиепископот на Атина и цела Грција Јероним Втори.



Слични вести